Во јуни нов јавен повик за пари за ИПАРД

Bez autora
Jun 02 2013

Во втората половина на јуни годинава објавен ќе биде повикот за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013. Финансиските средства од овој повик ќе бидат наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Претстојниот ИПАРД јавен повик овозможува зголемени можности по однос на типот инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.

Во јуни нов јавен повик за пари за ИПАРДВо втората половина на јуни годинава објавен ќе биде повикот за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013.

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, финансиските средства од овој повик ќе бидат наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

- Претстојниот ИПАРД јавен повик овозможува зголемени можности по однос на типот инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, велат од Агенцијата.

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, како и упатствата за корисниците на ИПАРД средства ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата на Агенцијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik